Агенцијата за разузнавање ќе ја подобрува заштитата на „шпионските“ податоци

Од:

Агенцијата за разузнавање ќе се подновува со софтверски алатки меѓу која и онаа за заштита на податоците кои ги прибавуваат ги складираат во службените компјутери.

ps 1

На бирото за јавни набавки Агенцијата за разузнавање објавила тендер за набавка на информатичка и друга опрема.
Меѓу она што се бара е информатички технологија за заштита на податоците кои се складираат во електронската база или на компјутерските хард дискови во Агенцијата за разузнавање.

Па така една од алатките кои ќе ја набавува Агенцијата за разузнавање е „софтвер за енкрипција на мемориски медиум“.
Овој програм според достапните информации на интернет овозможува заштита на податоците кои се складираат на хард диск или меморијата на комјутерот.

Комплетната диск енкрипција заштитува се што е на хард дискот – дури иако уредот биде украден и има обид за копирање на прибавените информации.

Освен софтвер за заштита на податоците од провала во системот и можна кражба на податоци, Агенцијата за разузнавање ќе набавува и персонални компјутери, ЛЦД монитори и телевизори, оперативен систем, сателитски ситем, фотокопир, сервер, мрежни принтери, софтвер за електронско деловодство и софтвер за менаџмент систем.

ps 2

Проценетата вредност на тендерот објавен од Агенцијата за разузнавање е 1.066.186 денари без вклучен ДДВ.
Опозицијата веќе неколку недели со ред објавува прислушувани разговори за кои тврди дека се направени по наредба на шефот на УБК, Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски.

Зоран Заев на прес конференција посочи дека во земјава се прислушувани над 20.000 луѓе без судски налог за тоа.
Заев тврдеше дека прислушувањето неовластено траело со години а мета на следење биле новинари, членови на СДСМ и опозицијата но според Заев прислушувани биле и најблиските соработници на Никола Груевски како министрите Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески.

За неовластено прислушување кривични пријави до обвинителството поднесоа, Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Стево Пендаровски и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

На обвинувањата на опозицијата за нелегално прислушување, власта одговори дека материјалите со аудио записи Зоран Заев ги добил од странска служба а против него, Зоран Верушевски неговата сопруга и двајца полицајци подигнато е обвинение за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.

Би можело да ве интересира

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција

А1он

Кина, Русија, Иран се главните закани за САД во 2021 година, сметаат американските разузнавачи

Жарко Настоски

Хоти без образложение го разреши првиот човек на косовското разузнавање

Жарко Настоски

Чешките разузнавачи предупредуваат: Третата светска војна му се заканува на човештвото

Жарко Настоски

Заев ја водеше првата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница

Жарко Настоски