Агенција за медиуми: Заканите на Рашковски се притисок врз медиумите

Од:

Одлуката на генералниот секретар на Владата дадена на денешната прес-конференција Драги Рашковски дека ќе покрене тужби против новинари и медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вели дека ваквите постапки се директен пристисок врз работата на медиумите.

Од АВМУ ја цитираат Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа во која се вели дека „јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

„Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација. Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции“, стои во соопштението.

Од АВМУ додаваат дека заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите.

„Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да бидат критички настроени и коректори на власта и дека тие треба да се охрабруваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски кон јавноста“, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов