Заев се сретна со средношколците, им кажа дека Владата е отворена за компромис околу државната матура

Од:

Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија, рече премиерот Зоран Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци во Владата.

На средбата, информираат од владината прес-служба, средношколците, како претставници на Сојузот му ги образложија на премиерот Заев своите барања, повикувајќи се на образовните модели во Франција, Белгија и Обединетото Кралство, каде е намален бројот на предмети, кои матурантите ќе ги полагаат годинава.

Сослушувајќи ги претставниците на Сојузот на средношколци, кои истакнаа дека остануваат на своите барања за намалување на предметите за државната матура на два екстерни предмети, премиерот Заев изрази поддршка на младите средношколци и истакна дека Владата е отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование.

Тој истакна дека процесот за барање на некое решение не треба да биде на штета на матурантите и на средношколците.

-Како што му кажавме и на премиерот ќе се трудиме до крајот на февруари да имаме одлука и да ја завршиме целата дискусија во јавноста за државната матура. Ако до крајот на февруари немаме решение во однос на државната матура тогаш со шатори ќе кампуваме пред Министерството за образование и наука. Тоа го утврдивме пред два дена и ќе го направиме ако нема компромис и волја од страна на Владата и Собранието за што побрзо да се најде решение за државната матура. Ако не се најде решение до крајот на февруари ќе кампуваме од 1 март и ќе има многу притисоци и од амбасадите. Затоа е неопходно да се најде некое решение и да бидат прифатени голем број на нашите барање. Како Сојуз на средношколци сме децидни во нашите барања, но сме и отворени за да најдеме компромисни решенија, рече Ходаи.

Сојузот на средношколци бара наместо четири да се полагаат два предмета за државната матура од кои еден ќе биде мајчин јазик, а вториот по избор на матурантот во зависност од намерата на кој факултет сака да го продолжи образованието. Актуелното решение предвидува да се полагаат четири предмети за државна матура за целиот материјал во изминатите четири години од образованието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Сојузот на средношколци на средба во МОН за барањата за државната матура

Ана Ололовска

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Сојуз на средношколци: Поддршка за студентите и предложената мерка за помош на средношколците во услови на криза

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов