Заев: Осомничени или обвинети лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок врз пратениците за законот за ЈО

Од:

Пратениците деновиве се соочуваат со терор, закани, притисоци и уценувања, вели експремиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Пред гласањето за законот за Јавно обвинителство, експремиерот Заев рече дека криминалот ги наоѓа сите патишта, а притисокот е десет пати поголем од оној кога се носеле уставните измени.

„Притисоците доаѓаат од раководството на ВМРО – ДПМНЕ, генерално осомничени или обвинети лица, меѓу кои и пратеници, вршат притисок врз пратениците да не биде изгласан законот“, рече експремиерот Заев и нагласи дека и покрај притисоците и уцените секој ќе има можност да ја докаже својата невиност оти заложбите се да се врати првната држава.

Заев потсети дека донесувањето на законот за Јавно обвинителство е еден од условите за членство и во НАТО и во ЕУ.

„Не можеме ниту во НАТО без правна држава, а камо ли во ЕУ“, рече Заев.
Предложениот закон за Јавно обвинителство Заев објасни се подготвувал две години и во неговото изготвување биле вклучени сите релевантни институции, а земени во предвид биле и сите забелешки.

„Ова што сега го прави опозицијата е избегнување одговорност, но луѓето знаат се. Да не се правиме дека сме паднати од Марс. Ова е демократија, секој може да каже што сака“, рече Заев.

На прашањето дали се обезбедени гласовите од 80 пратеници за законот, Заев рече дека ги добил на збор, но дека секој ќе гласа по свое убедување.

„Јас ги немам гласовите од пратениците во раце. Тие се индивидуи, секој е одговорен за она што е избран. Јас очекувам одлуката да ја донесат од своите гради, од својата глава. Дали ќе има 80 пратеници кои ќе гласаат ќе видиме, но и тоа што имаме збор од 80 пратеници е порака до сите“, рече Заев.

Тој ги повика пратениците да гласаат оти „нашата држава е во прашање“.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски