Адвокатското друштво Никола Додевски контра СЈО: Не сме барале запирање на постапките

Од:

Адвокатите Никола Додевски, Боро Тасевски, Петар Василев и Сања Алексиќ кои ги застапуваат дел од осомничените во предметите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, преку соопштение реагираат на изјавата на СЈО дека одбраната барала од Обвинителството запирање на постапките по аболицијата од Ѓорге Иванов.

„Според Законот за кривична постапка одбраната нема обврска ниту потреба да поднесува барање за запирање на постапката во случаи на помилување, туку СЈО морало да донесе наредба за запирање на истрагите по службена должност и тоа е негова задолжителна законска обврска која настанала на 12 април 2016 година“, се наведува во реакцијата.

Во неа се додава дека одбраната верувајќи дека СЈО постапува според законот и ги запрело постапките побарало примерок од таа наредба, но не добила никаков одговор.

Во реакцијата се наведува и дека одбраната побарала од Советот на Јавни обвинители да го испита незаконското постапување на Специјалното јавно обвинителство поради недоставувањето на наредбите, а од СЈО бара да бидат повлечени невистинитите наводи веднаш.

СЈО на денешната прес конверенција информира дека одбраната во одредени предмети, во кои осомничените лица биле аболирани, побарала прекин на истражните постапки.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов