Адвокатски тим: Меџити го разрешил Јовев оти дежурствата на лекарите не ги одобрил Беким Сали

Од:

Адвокатот на кардиохирургот Сашко Јовев, Мите Михајловски откри дека решението за разрешување било навреда за здравиот разум на сите и затоа ќе следи тужба за министерот за здравство, Фатмир Меџити.

– Решението е навреда за здравиот разум на сите нас. Во него стои дека има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислите доаѓа некоја со итна потреба на клиниката, портиртот да му рече „извинете дојдете утре, немаме дежурен лекар, не одобри министерот“.

Злоупотреба е од министерот ако не дал согласност да се организира дежурство. Нема причина за разрешувањето. Да, ќе следи тужба, ова не може да помине вака. Имам еден апел до колегите на професорот Јовев. Ако не се обединат сега, втора шанса нема да има – рече Михајловски.

Јовев пак истакна дека бил поддржан од коалицискиот парнер на ДУИ и на Алтернатива, СДСМ иако не бил никогаш партиски кадар, а имал и поддршка од заменик-министерката Маја Манолева. Не смета дека е жртва на политички реваншизам.

– Самата партија сериозно застана на моја страна. Јас сметам дека не сум жртва на политички реваншизам. Иницијалната каписла не е политика, туку може да не недоразбирање, суета – истакна Јовев.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов

Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

Орце Костов

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство