Адвокатот на Јанева: Ќе видите дека е нудење поткуп прво од сопругата на Камчев, а изгледа и од него

Од:

Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на обвинетата Катица Јанева, вели дека нејзиниот став е дека предметот „Рекет“ е конструиран за да послужи како одбрана на случајот „Империја“.

Тие велат дека иако се зборува за земање на рекет, всушност станува збор за давање на поткуп. Кадиев рече дека се фрла сомнеж и на снимките кои денеска беа пуштени во судницата, бидејќи не може да се утврди нивната автентичност.

„Ставот на Јанева и нејзината одбрана е дека преку овој предмет се дава одбрана за предметот ‘Империја’. Се обидува да се прикаже дека обвинетите барале рекет. Всушност, како што ќе имате можност да видите, се е тргнато со нудење на поткуп од сопругата на Јордан Камчев, а на крајот изгледа и од него“, рече Кадиев по судењето.

Реакции по судењето имаше и од адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Бојан Јованвоски.

Тој пред новинарите најави дека Јовановски нема да биде пуштен од притвор од Кривичниот и Апелациониот суд, односно дека тоа е зацртана идеја и се тера во тој правец.

Тој повторно реагираше на здравствената состојба на Јовановски, кој вчера бил на конзилијарен преглед на Клиниката за гастро, а мислењето го потпишале 16 доктори.

„Вели дека патохистолошкиот наод не е готов. Истиот конзилиум вели дека нема малигнитет. Јовановски не е прегледан од 16 лекари.

Кој стигнал во таа клиника удрил печат. Ова дава навистина друго светло на водењето на целата постапка, а тоа е дека обвинетиот Бојан Јовановски да се држи во притвор по секоја цена.

И ќе се држи во притвор, за тоа немам никаква дилема. ви најавувам дека Бојан Јовановски никогаш нема да биде пуштен од притвор ниту од овој суд ниту од Апелацискиот суд“, рече Дуковски по судењето.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов