• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Адвокатот на Груевски и Јанакиески бара Уставен да преиспита член од Законот по кој се обвинети најмногу лица од ВМРО-ДПМНЕ

by А1он16/10/2018 - 15:11295
Share0

На 17 септември годинава еден од адвокатите на експремиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и на други обвинети во предметите на СЈО, Еленко Миланов, поднел иницијатива за оценка на уставноста на член од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година, потврдија од кабинетот на генералниот секретар на Уставниот суд за „Макфакс“.

Добивај вести на вибер

Станува збор за членот 353 од сегашниот Кривичен законик што се однесува на злоупотреби за службената положба и овластување. Но, предмет на оспорување се постарите верзии на Законот со кои биле пропишани поблаги казни за ова кривично дело.

Во 2004 година во Кривичниот законик се додава нов член 5 со кој се предвидува кривична одговорност со казна од 5 години за злоупотреби со јавните набавки. Казната затвор е најмалку 4 години. Со измените во 2009 година, овој член се менува и се предвидуваат најмалку 5 години затворска казна.

Во членот 196 од 2004 година се додава ставот по кој се обвинети најголем дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. „Во членот 353 став 4, се додава нов став 5, кој гласи: Aко делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на средства од буџетот на Република Македонија, од јавни фондови или од други средства од државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години“. Пет години подоцна, членот е изменет и е зголемена казната затвор за 1 година.

Од Уставниот суд за „Макфакс“ потврдија дека предметот е земен во работа. По овој член 353, став 5, обвинети се Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Миајлков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски во „Трезор“, ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, и сите други обвинети во „Транспортер“, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и останатите обвинети во „Титаник 2“.

Со овој член се обвинети и сите обвинети во „Топлик“, Елизабета Канческа Милевска и останатите обвинети во „Тендери“, Дејан Бошковски и останатите обвинети во „Тарифа“, Ѓоко Попоски и Јанкулоска во „Тенк“, а Попоски уште еднаш во „Триста“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Васко Маглешов

gruevskijanakieskisjoustav

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Горан Наумовски15/10/2025 - 08:00

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Горан Наумовски05/03/2025 - 12:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен