Адвокатката на Латас бара новинарите да не ги слушаат „бомбите“ во судница

Од:

Адвокатката на Латас, Анита Бегова, во воведниот говор за предметот „Тревник”, рече дека ќе докажат пред судот дека обвинетите не се виновни. Таа рече дека Латас и неговите браќа се обвинети за минато дејство, градење, а во Кривичниот законик глаголот гради, бил во сегашно време.

Бегова рече дека Латас платил уредно комуналии за објектите и тоа по повисока цена од 1 евро за квадратен метар. Во бомбите, според Бегова, има разговори на мајстори кои работеле на објектите, а нема содржина за бесправно градење.

Бегова рече дека обвинението е селективно зашто нема обвинет инвеститор или општински градежен инспектор.

Латас во воведниот говор рече дека 6 месеци барале литература за вакви предмети и не успеале да најдат. Спомна случај „Цареви кули”, каде што обвинителството не покренало обвинение зашто немало записник од градежен инспектор. Во продолжение на судењето по паузата треба да бидат пуштени бомбите во судницата.

Адвокатките на Латас бараат јавноста да биде исклучена при пуштањето на дел од бомбите.

„Јавноста не треба да ја интересираат разговори за приватни лица и за програмската шема на Сител”, рече Бегова.

СЈО се противи на таквиот предлог.

Судијката Клетничка Марковска го одложи судењето на барање на адвокатките на Латас, за да имаат време да поднесат барање за кои снимки да биде исклучена јавноста. На следното рочиште на 4-ти јули ќе се пуштаат „бомби“ во судницата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он