Адвокатката на Јанева задоволна од сведочењето на Камчев во „Рекет“

Од:

Завршено е испитувањето на сведоците предложени од обвинетата Катица Јанева во случајот „Рекет“. Последни на листата, зад затворени врати беа бизнисменот Јордан Камчев и ексобвинителот на СЈО, Артан Ајро. Адвокатката Ирена Фрчковска која ја застапува Јанева во „Рекет“ за „А1он“ вели дека е задоволна од исказите на сведоците.

„Тоа се наши сведоци, ние ги предложивме. Задоволни сме што се одзваа на поканите, односно што сите дојдоа. Исказите одеа во наш прилог“, посочи Фрчковска.

Адвокатката посочи дека судот го одбил барањето за одложување на рочиштето и покрај тоа што таа имала потврда дека има мало дете, односно дека користи мерка од Владата, додека пак, Јанева има хронична болест и се препорачува таа да не излегува од дома.

Претходно, по поредлог на Јанева сведочење ексобвинтиелката, Ленче Ристковска. На следното судење ќе бидат презентирани вешти наоди.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов