Адвокатите упорни да го одложат одењето на Груевски во Шутка

Од:

Адвокатите на поранешниот премиер и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе ја искористат и последната шанса за да го одложат издржувањето на двегодишната затворска казна.

Бидејќи не можат да вложат жалба, ќе ја искористат законската можност и да го убедат Кривичниот суд сам да го одложи заминувањето на Груевски во Шутка. Како олеснителна околност ќе ја наведат одлуката за Комисијата за дискриминација, дека нивниот клиент бил дискриминиран. Во комисијата, каде претседател е Александар Даштевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, двајца членови јавно се оградија од одлуката.

Адвокатите поднесоа вонреден правен лек до Врховен суд за преиспитување на одлуката, но за испраќање на предметот се се чекаше жалбата на Гордана Јанкулоска, која е осудена во истиот предмет.

Останува и можноста Јавниот обвинител да упати барање за заштита на законитоста, и како последна опција амнестија од Ѓорге Иванов.

Судот денеска повторно ќе се обиде да му го достави на експремиерот, Никола Груевски решението од Кривичниот совет, по што тој веднаш треба да се јави на отслужување на казната.

Од судот најавуваат дека утре веќе нема да го толерираат одложувањето и екс премиерот присилно може да биде спроведен. Доколку не биде пронајден ќе биде распишана домашна или меѓународна потерница.

Груевски е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, што се однесува на набавката на мерцедесот.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески