А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Адвокатите на обвинетите бараа, судијката не дозволи одложување на „Транспортер“

by А1он21/02/2018 - 15:01220
Share0

Со воведни говори на адвокатите на обвинетите во случајот „Транспортер“, во кривичниот суд продолжи главната расправа. На почетокот на рочиштето адвокатот Боро Тасевски повторно побара одложување на расправата за да ги добијат аудио-материјалите кои се доказ во постапката, поради, како што рече, заштита на правото на еднаквост на правните оружја пред судот. Друг адвокат од одбраната, пак, рече дека имал доволно време да ги види доказите и подготви одбрана. Ова е осмо рочиште за предметот.

Добивај вести на вибер

Обвинителите од СЈО рекоа дека судот веќе еднаш им ги одбил барањата и нема потреба од повторување на приговорите, како и дека сите материјали им биле уредно доставени. Овие барања, според СЈО, се со цел да се одложи главната расправа. Судијката Добрила Кацарска даде получасовна пауза за судискиот совет да одлучи за барањата на одбраната, по што им ги одби сите приговори.

Во овој предмет на СЈО обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 360.000 евра за превоз на ученици во Битола. Расправата се води од почеток поради промена на судискиот совет. Претходните рочишта беа одложени поради немање одговор за поднесена жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

sjotransporter

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски06/07/2023 - 16:0206/07/2023 - 16:06

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он26/06/2023 - 14:0026/06/2023 - 14:05

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен