А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Адвокатите на Канческа ги спорат вештачењата на СЈО и ги бараат „бомбите“

by А1он21/02/2018 - 11:30269
Share0

Во кривичниот суд денеска почна судењето за првиот предмет на Специјалното јавно обвинителство наречен „Тендери“ поврзан со објект од проектот на претходната власт „Скопје 2014“. Адвокатите на ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е првообвинета за местење тендери за изградба на Музејот на ВМРО, ги спорат вештачењата на СЈО и ги бараат бомбите.

Добивај вести на вибер

Пред да почне главната расправа адвокатите на одбраната го оспорија вештачењето на СЈО изготвено од ЕОС Консталтинг АД РИМ Италија со подружница во Скопје. Тие тврдат дека вештаците немале лиценца кога ги изготвувале вештачењата. Адвокатот Сашко Дуковски тврди дека вештаците барале и нови податоци по изготвувањето на обвинението. Адвокатката Сања Алексиќ побара да ги добијат бомбите како доказ.

Ова е трет случај во кој адвокатите ги оспоруваат вештачењата, по „Траекторија“ и „Тенк“ за истата фирма. Обвинителот Стевчо Донев од СЈО рече дека обвинителниот акт е одобрен и судот ги ценел околностите во однос на бомбите.

„Бевме изненадени кога вештакот испрати известие дека бара повторно податоци од Министерството за култура”, рече Донев.

Откако побарале објаснување, добиле одговор дека барањето било за да се потврдат наодите во вештачењето, што според вештакот се покажало дека се исти. Тој до судот достави доказ – фотокопија од лиценцата која му е продолжена од Министерството за правда.

Обвинителот рече дека е беспредметно барањето на адвокатите судот да ја цени надлежноста на специјалното јавно обвинителство.

„Бомбите во оваа фаза не може да се репродуцираат како докази за утврдување надлежност на обвининителството“, рече Донев.

Обвинетите можат во секое време да ги преслушаат бомбите во судот, додаде обвинителот во судот, додавајќи дека ова се предлози за да се одложи почетокот на главната расправа. Следното рочиште е закажано за 13 март, до кога судот треба да одлучи за барањата на адвокатите.

Во предметот „Тендери“ првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за местење тендери за изградба на Музејот на ВМРО, односно на Музејот на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Второ и третообвинетите се членови на Комисијата за јавни набавки.

Според обвиниението, пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки пред да се донесе одлуката за потребата од јавна набавка, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. Ексминистерката наложила да ги изведат и сите работи што произлегувале дополнително и кои не биле опфатени во договорот за јавна набавка и анексите, со што немало да се чекаат дваесетина дена за спроведување на новата јавна набавка. Канческа претходно договорила преку второобвинетата во Комисијата за јавни набавки, кога ќе се објави огласот, договорот да го добие „Бетон“ од Штип.

СЈО тврди дека трите обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. За првите 2 обвинети СЈО бараше притвор, но судот, наместо тоа, им ги одзеде пасошите и им наложи редовно да се јавуваат кај шалтерски службеник. Канческа-Милевска поднесе и барање за заштита на законитоста за судот да ѝ го врати пасошот, но Обвинителството ја упати кон СЈО, кое ја одби и не го достави барањето до Врховниот суд. Предметот ќе го суди Осман Шабани, судијата од одделот за организиран криминал и корупција.

В. Маглешов

sjoskopje 2014tenderi

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 11:47

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Катерина Ѓуровски28/07/2025 - 08:49

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Катерина Ѓуровски13/03/2025 - 13:34

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Горан Наумовски16/01/2025 - 10:07

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски29/02/2024 - 14:1029/02/2024 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен