ВИДЕО: Адвокатите на Јанкулоска не дојдоа – седницата за казната одложена

Од:

Во Апелацискиот суд утрово беше одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на осудената Гордана Јанкулоска.

Причина за одлагањето е тоа што не дојдоа адвокатите на Јанкулоска, Боро Тасевски и Сања Алексиќ.

Судијката Цветанка Периќим ги прифати поднесоците и судењето го одложи за 25 февруари.

Алексиќ се разболела, а Боро не можел да дојде поради приватни причини.

Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор.

При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.

Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он