Адхок комисијата поведе прекршочна постапка против телевизија Алфа

Од:

Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска одржа седница на која со мнозинство од три гласа, наспроти два даде предлог за поведување прекршочна постапка против телевизија Алфа.

Предлогот се однесува на членот 75-б од изборниот законик, кој регулира објавување прилози за активности на државните институции.

Двајцата членови кои гласаа против предлогот најавија поднесување издвоено мислење. Адхок комисијата воедно отфрли неколку други предлози за поведување прекршочни постапки.

Оваа комисија е задолжена да дава предлози од Агенцијата за Медиуми за постапување по извршените набљудувања на работата на медиумите во период од 100 дена пред изборите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски