Адхок комисијата покрена прекршочни постапки против 7 телевизии

Од:

Привремената комисија за следење на медиумското претставување донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите Алсат, Канал 5, Нова, Сител, Телма, Шења и 24 Часа.

Постапките ќе се водат за прекршување на членот 75 од Изборниот законик, кој ја регулира балансираноста во известувањето и во одвоеното време за одредени партии во текот на кампањата. Ова беше деветтиот и претпоследен круг на набљудување на известувањето на медиумите од страна на Комисијата, која беше формирана во рамките на Агенцијата за Медиуми да ги разгледува уредувачките одлуки на медиумите.

Комисијата вчера и денеска гласаше за поведување прекршочни постапки и против повеќе телевизии и радија кои се однесуваат на времетрањето и просторот во кој се пласирани платени политички реклами, необележување на рекламите и пропусти при информирањето за анкетите на јавното мислење.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски