Адеми: Разговорите со СОНК интензивни и во добра насока

Од:

 Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) имаат интензивни разговори на кои почнале да се дискутираат сите барања на СОНК.

Министерот Абдилаќим Адеми денеска изјави дека социјалниот дијалог тече по утврдената динамика, но не сакаше да прецизира детали додека преговорите траат.

– Во овој момент, бидејќи сме во фаза на преговори, не би сакал да давам детали од разговорите затоа што може да имаат влијание на конечниот договор кој треба да го постигнеме со СОНК. Но, се одвива во добра насока и во конструктивна атмосфера, изјави ресорниот министер по доделувањето награди на ученици од средно стручно образование.

Во врска со пројавено незадоволство за воведувањето математика како задолжителен предмет во полагањето државна матура, кое се планира од оваа учебна година, Адеми рече дека тоа е предност и за учениците и за образовниот систем.

– Државната матура во Република Македонија е призната од сите држави во светот, така што секој ученик што овде ќе заврши средно образование и има положено државна матура, тоа му е предност за упис на кој било универзитет во светот, рече Адеми.

Во врска со постигнатиот договор за нов закон за високото образование, Адеми посочи дека произлегол од нивната заложба да се вклучат сите засегнати страни во креирање на политиките во високото образование.

– Тоа е целта зошто се одлучивме да седнеме, да разговараме и да прифатиме пролонгирање на законот за една година и да прифатиме да подготвиме заеднички концепт за нов текст на закон за високо образование. Мислам дека во овој процес нема губитници и победници, тука има само победници, затоа што се работи за квалитетот на високото образование и за вклучување на сите засегнати страни. Тоа е главната цел и мислам дека ќе успееме заедно, додаде министерот за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов