Адеми: Повикот на СОНК за бојкот на наставата е спротивен на Уставот и законите

Од:

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми ги оцени како спротивни на законите и Уставот на државата повиците на претседателот на СОНК до учениците да ја бојкотираат наставата во понеделник за кога СОНК најави штрајк на своите членови. Адеми го изјави ова по завршувањето на свеченоста за отворање на Осмиот меѓународен семинар по албанологија на Државниот универзитет во Тетово.

– Јас сум запрепастен од повикот на претседателот на СОНК кој ги повика учениците во понеделник да не одат на училиште. Запрепастен сум бидејќи тоа е грубо кршење на Уставот и законите. Не е надлежност на СОНК ниту пак на некоја друга институција да ги повикува учениците да не одат на училиште. СОНК може да се занимава само со нивното членство. Токму затоа сметам дека тоа е грубо кршење на Уставот и законите и го повикувам претседателот на СОНК да ги извршува своите надлежности и да не се меша во образовниот процес. Исто така ги повикувам родителите и учениците да продолжат да одат на училиште зашто основачите министерството и општините ќе овозможат услови за непречено одвивање на образованиот процес, рече Адеми.

Тој ги отфрли како неточни тврдењата дека од страна на министерството се вршеле притисоци врз вработените во образовните инститиции да не учествуваат во штрајкот.

– Како што минува времето и во СОНК и нивниот претседател се уверија дека немаат подршка во членството и оти нема да им успее штрајкот и токму затоа се обидуваат и со други форми да ги повикуваат учениците и нас да не обвинат дека ние вршиме притисоци врз вработените што не е точно. Јас нема да дозволам министерството да се меша во такви работи и да се вршат притисоци врз вработените во образованието. Сметам дека ние треба да се однесуваме партнерски и само преку социјален дијалог со државните институции може да се разгледаат нивните барања и дури откако ќе бидат разгледани заеднички да констатираме дали тие барања се прифатливи или неприфатливи, рече Адеми.

Адеми посочи дека  бидејќи засега не се знае дали ќе се одвива штрајкот и колкав ќе биде тој број, но оти законот дозволува за итни и неодложни работи основачот односно министерството и општините да ангажираат наставници за да нема прекин во образовниот процес.

До овој момент СОНК нема иницирано средба со минситерот за состојбите и причините за штрајкот.

– Јас имав средба со СОНК, но како што сум рекол неколкупати нивниот пристап  беше неприфатлив со уцени и закани тогаш во случајот со професорите од штипскиот универзитет и тој проблм се реши во рамките на законите и уште тогаш им кажав дека ова  не е пат за социјален дијалог со државните институции а нивните барања може да се разгледаат само на заедничка средба, изјави Адеми.

Во односот на недостатокот на определени учебници, министерот Адеми рече дека станува збор за неколку учебници по нови предмети за трето одделение и тоа за поголема количина но и оти во договор со издавачот сите учебници ќе бидат доставени до училиштата до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите