Адеми потпиша Декларација за соработка со Меѓународната школа на холокаустот

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Меѓународната школа на холокаустот при „Yad Vashem“ во Јерусалем потпишаа заедничка Декларација за соработка меѓу двете инситуции со која се продлабочува билатералната соработка во областа на образованието помеѓу Македонија и Израел.

Министерот Адеми верува дека заедничката декларација ќе доведе до зајакнување на билатералните врски меѓу двете институции, да се потенцира важноста на образованието за Холокаустот во Република Македонија и да се обезбеди понатамошната консултација и соработка.

-Годинава одбележавме 75 години од депортацијата на 7.144 евреи од Македонија или 98 отсто од еврејската популација, во тој период до Треблинка. На 11-ти март, националниот комеморативен ден на Холокаустот, македонскиот Парламент одржа посебна комеморативна седница и усвои Декларација со која се нагласува постојаната определба на државата никогаш да не ги заборави жртвите на Холокаустот, информираше Адеми.

Владата на Република Македонија, како што посочи, ја усвои работната дефиниција на анти-семитизмот. За таа цел, вели Бирото за развој на образованието, што е институција одговорна за наставните програми на училиштата во нашата земја, објави дополнителни материјали за Холокаустот.

-Ова се материјали подготвени од страна на IHRA, но потоа преведени на македонски јазик и споделени со сите училишта во Македонијa, истакна Адеми. Додаде дека за да истрае сеќавањето на Холокаустот, треба да ги поучуваме младите генерации, дека токму затоа остануваат посветени да го вклучат образованието за Холокаустот во наставните програми во јавниот образовен систем, да ги поттикнат активностите за обука на наставниците и да развијат или набават ресурси и материјали потребни за такво образование.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“