Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Од:

Денес сме пред вас за да ја изразиме длабоката загриженост на Демократската унија за интеграција во врска со оценките на Европската Комисија во Извештајот за 2025 година, особено за Кластерот 2: Внатрешен пазар, рече на денешната прес-конференцијата потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

„Извештајот на Европската комисија е јасен, директен и крајно алармантен: Северна Македонија нема постигнато неопходен напредок во функционирањето на внатрешниот пазар и во усогласувањето со европските стандарди. А тоа има последици за секој граѓанин и за секој бизнис во земјата. Европската комисија оценува дека длабоки структурни пречки и недостаток на професионално одлучување од страна на актуелната влада сериозно го забавиле усогласувањето со acquis-то на Европската унија. Овој кластер ги опфаќа главните столбови на современата економија: слободното движење на стоки, услуги и капитал, конкуренцијата, заштитата на потрошувачите, интелектуалната сопственост и јавните набавки. А за секоја од овие области, ЕУ има сериозни забелешки. Прво – Слободно движење на стоки. Европските стандарди не се применуваат соодветно. Усогласувањето со директивите е делумно, додека инспекторатите и сертификациските агенции немаат потребни капацитети. Ова значи ризик за квалитетот на производите и за безбедноста на граѓаните. Второ – Конкуренција. Комисијата за заштита на конкуренцијата нема потребна ефикасност.Политичките интервенции и селективните субвенции продолжуваат да го нарушуваат пазарот. Бизнисите не функционираат во еднакви услови.

Трето – Заштита на потрошувачите. Напредокот е минимален. Владата нема создадено функционални механизми за заштита на граѓаните од неправични пазарни практики. Институциите немаат капацитет ниту да контролираат, ниту да санкционираат. Четврто – Услуги и капитал. Лиценцирањата, одобренијата и административните процедури се застарени и често политизирани. Овие бирократски бариери ги одвраќаат професионалците и инвеститорите, странски и домашни. Петто – Интелектуална сопственост. Пиратеријата и фалсификувањето и понатаму се раширени. Надлежните институции не даваат видливи резултати. Шесто – Јавни набавки. Иако законите се модернизирани, нивната примена останува слаба. ЕУ јасно забележува низок степен на транспарентност и висок ризик од корупција.

Во годинешниот извештај, Европската комисија јасно укажува и на едно многу важно прашање за економската благосостојба на секое семејство во земјата: Доценењето во спроведувањето на реформите предвидени со Growth Plan for the Western Balkans директно го загрозува повлекувањето на гарантираните средства од Европската унија за Северна Македонија. Ова е сериозен аларм. Планот за раст предвидува значителни средства за земјите од Западен Балкан, средства кои имаат за цел економски раст, модернизација на економијата, поддршка за домашниот бизнис и подобрување на животниот стандард. Но овие средства се доделуваат само доколку реформите напредуваат. Доцнењата, административните блокади и недостатокот на усогласување со стандардите на ЕУ ја оставаат земјата зад регионот и го загрозуваат пристапот до средства што им припаѓаат на нашите граѓани. Пораката на ЕУ е недвосмислена: Северна Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар. Владата нема преземено неопходни реформи за да создаде отворена, конкурентна и транспарентна економија.

Демократската унија за интеграција оценува дека:

• државата не успеала да обезбеди функционален и правичен пазар;
• бизнисите останале незаштитени од нелојална конкуренција;
• граѓаните не се доволно заштитени како потрошувачи;
• економијата е сè поранлива на злоупотреби и неформалност;
• и земјата ризикува да загуби значајни финансиски можности од ЕУ поради незавршени реформи.

ДУИ останува силно посветена земјата:

• целосно да го усогласи законодавството со acquis-то на ЕУ,
• да гарантира фер и политички независна конкуренција,
• трајно да ја зајакне заштитата на потрошувачите,
• да го забрза спроведувањето на реформите од Growth Plan,
• и да изгради модерна, отворена економија целосно усогласена со европските стандарди.

Внатрешниот пазар е моторот на економијата на Европската унија. Без негово длабоко и искрено реформирање и без соодветен ритам во Планот за раст, европската интеграција на земјата останува само неисполнето ветување. ДУИ ќе продолжи да биде гласот што бара, предлага и брани реформи кои ја приближуваат Македонија до Европската Унија и обезбедуваат благосостојба за сите граѓани, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски