Адеми: Норвешка пример за позитивна интеграција на дијаспората

Од:

Министерот задолжен за дијаспората во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми, кој престојува на работна посета на Кралството Норвешка, денеска имаше средба со градоначалничката на Осло, Мариане Борген.

На средбата, како што соопшти неговиот кабинет, била истакната добрата билатерална соработка помеѓу двете земји и била потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски и пријателски меѓусебни односи.

Министерот Адеми упатил честитки до градоначалничката Борген за престижната титула на европскиот зелен град за 2019 (European Green Capital) доделена од страна на Европската комисија на градот Осло, при што се укажал на потребата за размена на знаења и искуства со цел да се постигнат слични видливи резултати и во Република Северна Македонија, а посебно во градот Скопје.

Градоначалничката на Осло изразила подготвеност за соработка со Владата на Република Северна Македонија и градот Скопје во насока на подобрување и зајакнување на капацитетите во контрола на загадувањето, управување со опасен отпад, и други активности за реализација на зелен град.

Во разговорите биле разменети и мислења во насока на ангажманот и интеграцијата на дијаспората на Република Северна Македонија во Осло и околина, како и за идни заеднички проекти кои дополнително ќе помогнат во поголема инклузивност и интеграција на нашата дијаспора во нивното општество.

Според агендата денеска во попладневните часови министерот Адеми ќе има средба и со претставници на дијсапората на Република Северна Македонија која живее и работи во Осло и околина.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Отворена сезонска авионска линија Осло-Скопје

Норвешките разузнавачи го третираат нападот во Осло како чин на исламски тероризам

Катерина Ѓуровски

Талибанците ги почнаа разговорите со западните дипломати во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

А1он

Од 1 јули ќе се издаваат пасоши со името Република Северна Македонија, предложени законските измени

Жарко Настоски