Состанок на Заедничкиот експертски комитет за отворање граничен премин во областа на Преспанското Езеро

Од:

Прв состанок на Заедничкиот експертски комитет за воспоставување граничен премин во областа на Преспанското Езеро се одржа денеска во Скопје, кој го водеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и претседател на нашата делегација Зоран Попов.

Грчката делегацијата ја предводеше Константинос Цувалас, генерален секретар за јавен ред во Министерството за заштита на граѓаните.

За време на сотанокот беа разменети мислења за идните активности што треба да ги преземе Заедничкиот експертски комитет за отворање на граничниот премин.

Двете страни го разработија и постигнаа во принцип согласност за текстот на Правилникот за работа и постапка на Заедничкиот експертски комитет што треба биде усвоен на неговиот втор состанок.

Состанокот се одвиваше во позитивна и конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебно разбирање, соопшти МНР.

На средбата е договорено вториот состанок на Заедничкиот експертски комитет да се одржи во првата половина на март 2020 година во Република Грција.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он