Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Од:

Демократската Унија за Интеграција реагира на официјалната оценка на Европската Комисија за Кластерот Три, Конкурентност и Инклузивен Раст, извештај кој јасно посочува на сериозни застои во економскиот развој, социјалните политики, јавните инвестиции и конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија, рече на прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Притоа Адеми нагласи:

Ова поглавје претставува еден од темелните столбови на европскиот интегративен процес, затоа што е директно поврзано со квалитетот на живот на граѓаните, со вработувањето, со економските реформи и со изградбата на модерен и конкурентен пазар согласно стандардите на ЕУ.

Извештајот на Комисијата е јасен: реформите се во застој, институционалните капацитети се слаби, а актуелната влада не успеала да ја трансформира економијата според барањата на поглавјето што ја дефинира конкурентноста на државата.

Главни критики на ЕУ за Кластерот Три:

1. Транспорт – блокирани проекти, неискористени инвестиции
• Динамиката на работите на стратешките коридори останува незадоволителна.
• ЕУ нотира недостатоци во планирањето, системски доцнења и недостиг на капацитети во управувањето со капитални проекти.
• Некоординираните инвестиции ја поткопуваат регионалната поврзаност и ја ослабуваат економската конкурентност.

2. Енергија – бавна транзиција, висока зависност од увоз
• И покрај големиот потенцијал, обновливите извори и зелената енергија се развиваат со занемарлива динамика.
• Зависноста од енергетски увоз останува висока, зголемувајќи ја несигурноста и трошоците.
• Комисијата посочува недостиг на транспарентност, законски и регулаторни доцнења, како и слабо управување со кризи.

3. Царини – недовршена дигитализација
• Царинскиот систем не е модернизиран согласно стандардите на ЕУ.
• Недостаток на интеграција со европските системи, застарена технолошка инфраструктура и ограничени капацитети го зголемуваат ризикот од корупција.

4. Даночен систем – неефикасна администрација, без модерни алатки
• Извештајот нотира недостиг на капацитети во борбата против даночното затајување и сивата економија.
• ИТ системите остануваат застарени, додека фискалните реформи се делумни и нестабилни.
• Довербата во даночната администрација е ниска.

5. Социјални политики и вработување – стагнација и неспроведување
• Нема доволно напредок во намалувањето на сиромаштијата и зголемувањето на социјалната инклузија.
• Активните програми за вработување се ограничени и не ги таргетираат ранливите групи.
• Минималната плата и политиките на пазарот на труд не се усогласени со европските стандарди.

6. Образование – бавни реформи и недостиг на квалитет
• Образованието не ги создава вештините што ги бара пазарот на труд.
• Дигитализацијата е делумна, а наставниците немаат доволно континуирана обука.
• ЕУ критикува недостаток на спроведување на реформите најавувани со години.

Пораката од ЕУ: Економијата не е подготвена за конкуренцијата на ЕУ

Европската Комисија оценува дека, поради недоволни реформи и неефикасно спроведување на јавните политики:
• економијата е кревка,
• конкурентноста е ниска,
• инвестициите се бавни,
• пазарот на труд не е модерен,
• социјалните политики не се преточуваат во реални придобивки за граѓаните.

Овие наоди претставуваат јасна тревога за економскиот правец на државата.

ДУИ оценува дека заклучоците на Европската Комисија непристрасно покажуваат дека:

• актуелната влада го закочила економскиот развој на државата,
• не ги модернизирала клучните сектори на економијата,
• не изградила одржлива стратегија за конкурентност,
• го одложила енергетската транзиција и инвестициите во транспорт, дигитализација и иновации.

Овие неуспеси ја оддалечуваат државата од стандардите потребни за отворање и затворање на поглавјата од европските интеграции.

ДУИ останува посветена да:

• ја модернизира економијата согласно стандардите на ЕУ,
• ја зголеми транспарентноста и капиталните инвестиции,
• го унапреди транспортот, енергијата и дигитализацијата,
• изгради социјални и образовни политики што ги штитат граѓаните и ја подготвуваат државата за модерниот европски пазар.

Без конкурентна и инклузивна економија, интеграцијата на државата во Европската Унија останува неостварлива. ДУИ ќе продолжи да работи со одговорност, визија и посветеност за да му го врати на државата реформскиот динамизам и да ја доближи Република Северна Македонија до стандардите на ЕУ, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми