Адеми: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

Од:

Локалните избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера, а граѓаните докажаа дека се за НАТО, ЕУ и за силни и развиени општини, истакна на прес-конференцијата портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ, Арбер Адеми во партиското седиште во Тетово.

– ДУИ смета дека денешните локални избори поминаа во мирна, фер, коректна и демократска атмосфера. Граѓаните докажаа дека се за НАТО и ЕУ, како и за силни и развиени општини. Сите учесници во денешниот изборен процес го дадоа својот придонес тој да биде изведен според европските стандарди, рече Адеми

Адеми упати благодарност до активистите и раководството на партијата за, како што рече, победата во општините каде што има свои кандидати и особено го истакна придонесот на илјадниците сограѓани кои дошле од дијаспората на денешниот изборен ден во Кичево и на други места зашто има значајна тежина.

Според проценките на Централниот изборен штаб на ДУИ тие се најголеми фаворити за убедлива победа секаде каде што имаат свои кандидати за овие Локални избори.

Од партијата најавија дека за час и половина повторно ќе одржат прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“