(ВИДЕО) Адеми: Граѓаните не прашуваа како издржавме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

– Демократијата значи да собереш 61 мандат. Ако немаш мнозинство и немаш доволен број на мандати, а си освоил повеќе гласови, не значи дека треба да формираш Влада.

Демократската потреба во Македонија вели 61 пратеник, односно 50% плус 1, рече Џеват Адеми, ДУИ.

Тој кажа дека граѓаните ги прашувале пратениците од ДУИ како издржале во минатите мандати, мислејќи на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија има еден пат, а начинот на кој што се движи во моментов води кон изолација. И најголемите пријатели се откажуваат од Македонија. Сите ви велат да го почитувате новото мнозинство, рече Адеми.

Илија Димовски во реплика кажа дека обидот ВМРО-ДПМНЕ да се претстави во негативно светло е политика на некои албански политичари кои преку тоа сакаат да го покријат својот неуспех.

– Може да се уверуваме за тоа дека Албанците се криви за нереализираните ветувања кај Македониците и дека македонските политичари се виновни за нереализираните ветувања кај Албанците, но тоа не води никаде, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата