Адаптивните, едноставни мерки – најдобра заштита од климатските промени

Од:

Одржливо производство, правилен избор на сорти, внесување органска материја во почвата, фертиригација, се само некои од мерките за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Како што велат експертите, мерките за превенција и заштита треба да ги креираат производителите зашто тие се директно соочени со последиците од климатските промени, а примената мора да почне најпрво на локално ниво.

Најдобро, според научни истражувања, е да се користи пристапот „од долу – нагоре“ што подразбира локалните актери сами да ги осмислуваат стратегиите и да ги адаптираат активностите за заштита зашто токму тие се најблиску до проблемот, а тоа значи и најблиску до решението.

Последните истражувања покажуваат дека наједноставните мерки даваат најдобар резултат, но независно дали станува збор за градинарство, лозарство, поледелство, овоштарство, сточарство,…, клучна е соработката, кооперацијата на фармерите со стручњаците и институциите. Треба да постои партнерство и интегрираност.

Климатските промени се веќе реалност и еден од најголемите предизвици со кои се соочува нашата генерација.

Предизвикуваат сериозни еколошки и социјални последици. Ова мора да го земеме предвид особено, како што истакнуваат експертите, зашто во Македонија речиси половина од руралното население е економски зависно од земјоделското производство и со примена на практични адаптивни методи приходот може да се зголеми и за преку 60 отсто.

Експертите порачуваат употреба на заштитни УВ-мрежи, соодветна резидба, мулчирање, соодветни објекти за чување добиток со доволно светлина и провев,…,а одржливото производство е исклучително важно зашто подразбира сигурен, квалитетен, стандардизиран принос и поголем профит.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска