(ВИДЕО) Абази за сликите со функционери од ДУИ во опуштена атмосфера: Се најдовме случајно

Од:

Шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази не гледа ништо спорно што се фотографирал со функционери на ДУИ. За него тоа е нормално и има свои опрадувања. Откако пред осум дена протекоа фотографиите, а тој претходно тврдеше дека нема контакти со функционери на ДУИ, сега, кажува дека материјалите се автентични.

„Во однос на фотографиите. Јас во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми е ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал и со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв тоа е еден врв на РСМ, е радост. Се практикуваат слики, да го обележиш настанот. Тука сме се нашле случајно. Мојот родител потекнува од Гостивар и имале познанство со господинот до Бејта. Мајка ми е од Гостивар. Си имаат познанства. Така што се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа“, кажа Абази.

За фотографијата со Фихри Ахмети, брат на Али Ахмети, во опуштена домашна атмосфера, имаше друго оправдување.

„По однос на другите фотографии, мојот родител живее во Зајас и потекнуваме од Зајас. Зајас е село. Се случува заедно да бидеме поканети на иста свадба или настан. Таа фотографија е на свадба кога сме повикани, сме се сретнале со тие луѓе. На тие средби не збориме за предмети или политика туку за фамилијарни работи“, додаде Абази.

Тој ги поучи новинарите да гледаат ништо спорно во ваквите дружби.

„Не треба да ги гледате работите со функционери од една партија. Во Кичево има други функционери од различни партии. Ако се видиме на улица, нормално да се поздравиме. Тоа било поздравување, видување“, посочи Абази.

Ако треба да постапува по предмети за функционери со кои се сликал, ќе се изземе, наајви тој.

„Предвидено е изземање, ако се доведе секое постапување во сомнеж. Ако имаш блиски односи со кои постапката би била сомнителна, ќе се изземеме“, кажа Абази.

Тој денеска, даде свечена заклетва, со што започна да ја извршува функцијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ