AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Од:

Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас. Кога ќе го разгледаме досегашниот пристап на оваа влада, лесно е да се разбере дека вработувањата без оглас ќе важат само за Македонци и партиски милитанти на ВМРО, реагираат од Алијанса за Албанците.

Ова јасно се гледа во предлогот во првиот став од членот 97, кој го дефинира вработувањето, да се додадат зборовите „и без јавен оглас“, додека во вториот став да се отстранат зборовите „По исклучок“, што значи дека вработувањата без оглас ќе се вршат во секое време.
Во целата оваа ситуација, партиите од коалицијата ВРЕДИ и заменик-министерот за внатрешни работи, наместо да го спречат ова, избраа да дејствуваат како адвокати на ВМРО и да ги релативизираат нападите врз Албанците, наведуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски