АА: Арбен Таравари ги остави здравствените работници без решенија

Од:

Нелегитимниот министер за здравство Арбен Таравари е главниот виновник што стотици Албанци во различни клиники и болници низ земјава денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите. Во времето кога Алијансата за Албанците беше во Владата, нашите министри предложија и ја донесоа одлуката за распишување на оглас за повеќе од 1100 вработени во здравството, со која беше предвидено вработените со договор на дело да земаат решенија за трајно вработување, велат од Алијанса за Албанците.

„Овој конкурс го процесираше поранешниот министер Илир Демири до последната фаза на тестирање и интервјуа. Со доаѓањето на Таравари на чело на министерството, тој од неговиот кабинет испрати мејл до сите институции да ја стопираат процедурата за спроведување на огласите, додека веднаш почна со разрешување и смена на директори, со цел полесно да се реализира ова сценарио. Во дописот до здравствените установи Таравари пишува дека ќе следат и други активности, додека сведоци сме дека единствени активности што следеле биле раскинување на договорите за вработените Албанци и нивна замена со активисти на ВМРО и ЗНАМ. Со оваа одлука, како и со одлуката за укинување на економските директори и врзаните потписи, Таравари потврди дека единствена негова мисија е спроведувањето на проектот на моноетничката влада за деалбанизација на здравството“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО