„А1он“ дојде до резултатите од конкурсот на Град Скопје: Исти здруженија добиле пари во две области, „Фјужн фествал“ изедначен со „Златно славејче“

Од:

Парите наменети за култура за оваа година од Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска ги поделила на здруженија кои се добитници и во две различни области, големите фестивали добиле помали суми, а Илинденскиот марш добил пари иако не е изведбена уметност. „А1он“ дојде до резултатите од конкурсот за финансирање проекти од областа на културата на Град Скопје кои градоначалничката Аросвска не ги кажува и покрај обврската да ги објави.

Здружението „Илинденски марш“ за организирање на Илинденски марш 2022 година добило 100.000 денари во областа изведбена уметност.

По еден милон денари, што воедно е и најголема доделена сума, добиле фестивалите „Златно славејче“ и „Фјужн фестивал 5“, а во истата област – музички уметности 500.000 денари се доделени и на „Баги комуникации“ за „Скопски градски фестивал VOL.3“.

Во областа визуелни уметности и уметност на новите медиуми по 100.000 денари се одобрени на Скопје филм фестивал, на „Аурипигмент “ за организирање меѓународен филмски фестивал „Анимакс Скопје фест“ – 12. издание и на Здружението „Сенсус“ за споделување уметничка инспирација.

Во областа изведбена уметност најмногу пари се доделени на „Интерарт културен центар“, вкупно 600.000 денари од кои 300.000 се за годишната програма, а останатите 300.000 за осумнаесетто издание на танцовиот фестивал.

Во истата област 233.000 денари се доделени на Асоцијацијата на фолклорни ансамбли и друштва на Албанците во Македонија (АФАДАМ) за организирање трет фолклорен фестивал Аљуш Хамиди со одбележување  30 години од основање на Сојузот на албански културно-уметнички друштва во Македонија.

АФАДАМ добиле пари и во областа меѓународна соработка, одобрени им се 50.000 денари за учество на меѓународен детски фолклорен фестивал во Измир, Турција.

По 200.000 денари во областа изведбени уметности добиле Меѓународниот театарски фестивал Скупи и Здружението за модерни танци „ИТ ДА БИТ“.

„ИТ ДА БИТ“ е меѓу здруженијата кои годинава добиле пари во две области. Освен за изведбени уметности, тие добиле пари во областа музички уметности каде што им се одобрени уште 125.000 денари за новогодишен мјузикл 2022.

Добитник во две области е и ансамблот за народни песни и игри „Ибе Паликуќи“. Во областа меѓународна соработка за учество на фестивал во Мармарис, Турција, добиле 50.000 денари, и уште 60.000 денари добиле во областа музејска дејност, културен туризам и промоција на културно наследство за организирање меѓународен фестивал „Фолклорни вечери на чаршијата“ – 2022.

За проект „Звуците на Медитеранот“, Град Скопје доделил 200.000 денари на Катерина Стевковска во областа музички уметности.

Во областа издавачка дејност и библиотекарство 100.000 денари за проектот „Антологија на македонската рок-поезија 1967 – 2022“ се доделени на „Корупс деликти рекордс“.

Буџетот за поддршка на проекти од областа на културата на Град Скопје годинава изнесува 220.000 евра. Јавниот конкурс беше објавен лани на 7 октомври, а листата на добитници Град Скопје сè уште не ја објавува. Учесниците кои не добиле пари од Градот за проектите со кои аплицирале добиле известувања дека се одбиени, но повеќемина се пожалија дека не добиле образложение зошто се одбиени.

Mеѓу одбиените се „Културно ехо“, Центар за современи уметности, „Прво па женско“, „Ми – да“, „Темплум’, „Или – или“, „Хаемус“ и ред други кои традицинално добиваа поддршка како носители на културата во градот.

„Мислев дека е првоаприлска шега, но денес добивам одговор од Градот Скопје, дека проектот за мапирање на носителите на ’Обичајот Мартинки’ во Скопје ни е одбиен, без никакво образложение. Ај што сме со ХАЕМУС носители на „Обичајот Мартинки“ во УНЕСКО и тоа треба да биде приоритет како заштита на културното наследство, најтрагично е што и самиот Град Скопје е потписник на досието во УНЕСКО кое може да се симне од официјалниот сајт на УНЕСКО. Еве ме тажам со еклер, индијанка и боза од Апче, кои се заштитен знак на ’Старо Скопје’“, напиша Василка Димитровска на „Фејсбук“ по известувањето дека проектот им е одбиен.

Последнава недела социјалните мрежи се преполни со реакции од кандидатите кои не добија поддршка од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација