65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Од:

Синоќа во Штип, полициски службеници ја уапсиле Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг.

Според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он