Кој е всушност Никола Тодоров?

Од:

Има многу недоречености во секоја приказна, поготово ако приказната е без завршница или без хепи енд. Па, одредени приказни се интересни, некои се хумористични, некои се жалосни, а најинтересно е ако во една таква приказна има од се по нешто. Наполеон кога се родил не знаел дека ќе биде еден од најголемите историски личности, а ниту знаел дека ќе заврши во душевна болница далеку на некој остров. Александар Македонски не ни верувал дека ќе биде војсководец од епски размери но ниту знаел дека ќе го отрујат на млади години. Е кај нас во Македонија се раѓаат и уште како мали веднаш стануваат или Наполеони или Александар Велики и тој комплекс ги следи цел живот.

Дали се способни или неспособни, тие веруваат дека кога ќе пораснат ќе бидат великани и ќе останат запаметени во историјата, но како какви и како што и по што ни тие за жал не знаат. Медицината ги објаснила уште пред многу векови тие промени кои им се случуваат во свеста на одредени луѓе, но за жал никако не успеала да ги искорени и од обичните луѓе да направи скромни и сосема корисни граѓани во некое општество.

Ние како Македонија за последниве десет години можеме да напишеме труд , во врска со сите политички личности и нивни профили кои се во раководната власт. Кои се всушност врвот на политичката сцена на Република Македонија и каде имаме такви ендемски видови, такви раритети за кои може да ни позавиди целиот свет. Не за џабе се форсираше од владините медиуми дека сме број еден во светот во врска со се и сешто. Ама тоа било само во имагинациите на одредени глави кои раководат со нашево државиче. Пред неколку дена се чудев како држава од нецели 400.000 жители како што е Исланд, може да и позавиди целиот свет. Имаат економија, спорт, земјоделие, рибарство, сточарство, медицина и што ли уште не и функицонираат беспрекорно. Имаат само 28 затвореника.

Чудо! Мислев и не ми мируваше душава дури не ја затворив анализата и разговорот со сите мои пријатели, другари и колеги. Проблемот е некаде горе во нас самите прво, а после во тие што ни ги перат мозоците и не лажат. Зар ние интелектуалците лекарите можеме веќе да веруваме на лагите на еден Наполеончиќ кој не раководи, кој кога ќе седне во неговата фотеља мисли дека умот му доаѓа од некоја вселенска сила, колку е тој умен дури од што е умен не знае и не ни сака да разговара нити на прашања да одговара. Е па вака мала ретроспектива и од каде се всушност има толкаво знаење, а бога ми и моќ. Прво како пример, на малите наши им земаме мало точаче па поголемко, па средно, па најголемко за да се научат. Паѓаат, трчаме по нив, има модринки, има рани, гребаници, се, ама ете ќе се научат и потоа веќе немаме гајле. Е сега ваму приказната почнува вака- му даваат на мали Џоле Наполеончиќ Тодороф одма функција прво ПИОМ и оп опињање грешки со казни по ПИОМ во милиони евра, во ГТЦ анализира имплементација на барок, после одеме Катастар, му даваат дури и лењир, гума и молив доколку згреши да среди сам ама таму прави покољ, ден денеска не може катастарот да се оправи.Правила на користење на “Водовод и канализација“ , добро ги усовршил и финансиските моменти. Па потоа го унапредуваат уште појако, министер за образование и наука , лелелеле апели и јауци од сите страни тотален дебакл образованието ни е сеуште во тотален хаос оправање не се знае кога. Како јаготка на тортата како заслужен на крај ни го пикаат во000 здравство во најбитното нешто во целата држава, за животи се работи.

Е, тука да ви кажам приказната започнува и добива кулминација со заплет, а бога ми и финиш. Приказна што содржи апсолутно се. Жртви се народот, т.е пациентите, лекарите, персоналот и сите кои се дел на таа огромна машинерија. Моментално приказната која за жал уште трае е со ваков заплет , немаме со што да работиме,починуваат новороденчиња, врие од неписмен партиски кадар каде книшката на ДРПМНЕ е светиња, тендерите за инсулините се прекинуват, се форсираат ДРПМНЕ компании, паралелни увози фрчат на сите страни и се даваат на нему познати офшор фирми. Лаги за огромни болници , функционални спинални центри, кардиохируршки центри, фијаска и катаклизми во сите болници и здравствени домови, дебакл невиден. И еве стигнува наградата Нино Наполеончиќ Тодороф вицепремиер, е па секоја чест до кој степен е нашето општество и се што живее во него, еве еклатантен пример за тоа кој е кој и што. E се дури имаме вакви специјалки ќе се чудиме на Исланд и на другите држави околу нас. Приказната мора да има крај, се надевам среќен крај за нашиот напатен народ. Оваа мизерна приказна мора да заврши.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска