50 нови волонтери на Мировниот корпус ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор во Македонија

Од:

Во петок, педесет нови волонтери на Мировниот корпус ќе дадат официјална заклетва пред американскиот амбасадор Џес Бејли. Ова е најголемата група волонтери во 22-годишната историја на Мировен Корпус во Македонија.

Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 700 американски државјани, коишто досега служеле во Македонија. Новата група волонтери е дваесет и втората група волонтери што ќе живеат и работат во Македонија, од отворањето на канцеларијата во Македонија во 1996 година.

Настанот ќе се одржи во City Hall во Скопје од 12.00 до 14.00 часот. Меѓу поканетите гости ќе бидат министри, градоначалници и претставници на партнерските организации.

Овој свечен настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија.

Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите кои имаат потреба од квалификувани лица кои ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

Би можело да ве интересира

Блументал: Изгледа ќе испраќаме копнени трупи во Иран

Револуционерна гарда тврди: Во тек е голем напад врз американските бази и Петтата флота

Ливит: Цените на нафтата и гасот ќе паднат кога ќе се постигнат сите воени цели против Иран

Горан Наумовски

„Кинескиот Нострадамус“ сo ново предвидување: Целосна инвазија на САД врз Иран ќе почне во март 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи