50-годишен охриѓанец загинал при утовар на дрва

Од:

Едно лице загина вчера при утовар на огревни дрва во вагон во Кичево, соопшти денеска полицијата.

Д.Ј. (50) од Охрид вчера околу 13:20 часот на железничката станица во Кичево при утовар на огревни дрва во вагон од камион „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, паднал и починал.

Со возило на итна медицинска помош тој бил префрлен во Медицинскиот центар-Кичево, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавното обвинителство и екипа од Полициската станица-Кичево.

По наредба на јавното обвинителство врз телото на починатиот ќе се врши обдукција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари