43-годишник уапсен, малолетните деца краделе – претреси во Струга и Битола најдени пиштоли, пушки и муниција

Од:

Во одвоени претреси вчера во струшко и битолско полицијата пронашла и одзела оружје и муниција.

Во едниот случај уапсен е 43 годишен битолчанец, а по претресот во неговиот дом полицијата пронашла муниција, но и предмети за кој било утврдено дека се украдени при тешка кражба во битолско. Се утврдило дека кражбата ја извршиле малолетните деца на уапсениот. Полицијата разговарала со нив и тие го признале делото.

„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода го лишиле В.А.(43) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 02.06.2023 од страна на неговите малолетни деца. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави., велат од МВР

Во одвоен претрес во битолско вчера биле пронајдени и одземени пиштол и муниција, а сопственикот уапсен.

„На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. “, велат од МВР

Вчера, исто така, во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струуга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов