ВИДЕО: 30 дена притвор за Горан Груевски

Од:

Началникот на УБК, Горан Груевски со лисици на рацете и засилено полициско присуство беше изведен од задниот влез на судот пред 23 часот од каде замина со полициско возило. Кривичниот суд по осумчасовен распит постапи по барањето на Специјалното јавно обвинителство и на осомничениот му одреди притвор од 30 дена.

Началникот на одделение во УБК, Горан Груевски според Специјалното јавно обвинителство заедно со уште четворица се осомничени дека уништиле системи за следење во МВР на отпад за старо железо, процес кој почнал веднаш по објавувањето на “бомбите“.

Адвокатите на началникот во УБК го напуштија судот два часа пред носењето на одлуката за притвор, но не сакаа да дадат изјава за медиумите. За ваквата одлука тие имаат право на жалба во рок од 24 часа.

СЈО бараше притвор само за првоосомничениот, додека за останатите од предметот “Тврдина“, меѓу кои уште еден началник од Петтата управа на МВР и поранешната министерка за внатрешни работи побара мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи и редовно јавување во судот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов