30 дена притвор добија двајцата вмешани во киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Од:

Судот донесе одлука да го прифати барањето на обвинитлството и на двјацата уапсени за вмешаност во киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски им додели 30 дневен пртивор.

Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Основното јавно обвинителство денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинителството има основани сомнениа дека или се директно вмешани или имаат информации во врска со исчезнувањето на Самоил, истражната постапка треба да обезбеди повеќе докази пред да се поднесе обвинението против нив.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги сокријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара мерка притвор за двајцата осомничени. Што судот го прифати.

Двете лица на 3 март заедно учествувале во грабнување на внукот на сопругата на Љубе Бошкоски, во Кисела Вода. Беа уапсени на 8 март поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со киднапирањето на Самоил Костадиновски, внук на сопругата на Љубе Бошкоски.

Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на киднапираниот Самоил: Нудиме парична награда за било каква информација – 20 дена не знаеме каде е

Анита Петровска Рајковиќ

ЈО: Се преземаат дејствија за расчистување кражба на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Ана Ололовска

Се бара притвор за скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување

Ана Ололовска

Тетовското обвинителство води истрага за недозволена трговија со марихуана и напад врз полицаец

Ана Ололовска

Еден месец има Мухамед Зекири да се опорави психички и да почне неговото судење

Не е добар психички – одложено судењето на Мухамед Зеќири

А1он