СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

Од:

Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните дишат загаден воздух и во други градови. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозагадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто. Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50%. Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето, тврдат од СДСМ.

„Во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето. Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните