НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Од:

Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети. Ова е став на НСДП кој го испрати преку соопштение до медиумите.

„За НСДП ова е очекувано, знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што ја оставија во 2017 година.

За 100 дена нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка која ја добија на изборите.

Граѓаните ги прелажаа со еден куп на лажни проекти, лажни реформи и манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо. Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните им ветија враќање на поранешното уставно име на државата и репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со Европската Унија, но од тоа нема ништо, се било една огромна изборна лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Мицкоски за менување на преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел.

Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити, ова само покажува дека се поочигледно следува процес на орбанизација во нашата држава.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа.

Стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат неискористени многу грантови од Европската Унија, катастрофата што му се случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата, можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици“, пишува во соопштението од НСДП.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој