2006-2012: Надворешната политика на Македонија

Од:

Кратката формулација за Надворешната политика на Македонија би била: Македонија има надворешна политика за внатрешна употреба на кревање рејтинг.

Подолгата пак формулација би била: Ужасни односи со САД, ужас со Брисел, Москва не гледа со потсмев што сакаме од себеси да направиме, Турција претпазлива, знае со кого си има работа.

Секогаш на толку хеленизирање, ќе внимаваат да не ги искористиме за некаков зез кон Атина.

И широката дефиниција-На клоци сите советници на ВМРО-ДПМНЕ, што јавни што тајни во надворешната политика, 2/3 МНР да си оди дома.Надворешната политика спрема соседите не се крпи повеќе ,ќе треба да имаме нова администрација и Председател.

Со Кина ,Русија,Индија ќе беше најголемо остварување по толку турнеи и милони потрошени да ги укинеа визите, барем.

Русија нема да изгради гасовод ако не им дадеме ексклузивитет на еден гасовод на нашата територија и тоа нивниот.

Кина ,ај не се занесувајте.Индија пак ич.Турнејата заврши да видиме есапот.

Таквите излети со умот Катар, Сингапур, странски инвестиции и незнам што ли не од Третиот свет, еве да се објасниме ..или резултати да чекаме. Се разбира ништо од тоа. Тоа беше за рејтинг ,демек Груевски прави нешто и само што не донесол милијарди.

Е сега ЕУ .Добро е таму што имаат проблеми заради тоа што ќе не ставеа во фасциклата со Белорусија. Едноставно не сакаат оваа мала земја со” голем лидер” да настрада во време на кризата во Брисел.Филе толку е кооперативен и ги разбира нашиве ,ме плаши што почна ептен да не разбира. Тоа произлегува од фактот дека ние ни сами воопшто не се разбираме .Кога во таква ситуација во која некој нас не разбира ,се осеќам како пациент.

Доколку Еу си ги среди работите таму и имаат повеќе време за нас оваа влада ќе ја ембаргираат за еден ден да приказните за Грци и вето ќе исчезнат за миг од ваквата демократија ,партизирани институции и корупција ,сиромаштија и безработица.

Ништо нема да ни остане од измислените, демек контра аргументи.

Односите се со САД многу интересни. Сведени се на еден амбасадор кој е повеќе амбасадор сам за себе.

Дури и САД нешто се повеќе „разбира“ да од толку разбирање сигурно главата ги боли.

Нај интересни ми се советниците,тинк/тенковите или адвајзерите на Владата ,платени дебело кои им продаваат магли за скапи пари. Сеуште не им е јасно ,а доцна е да им биде дека пристапот и однесувањето кон САД кога се на власт Републиканците е еден ,а сосема различен кога се Демократите на власт во Вашингтон. Нема тука апдејт нити резултати. Занаетот го научиле кога на власт биле Републиканците ,а го применуваат и со Демократите.Јој!.

Би рекол чираци во надворешната политика. Нема човечки материјал да станат мајстори освен да наплатат по некоја крупна фактура лажејќи ја владата. До кога ќе им веруваат не знам но нека ги рекапитулираат резултатите и направат биланс на потрошеното па ќе им стани јасно.

Веројатно ќе им доцни…рекапитуларот. Некој може да се запраша-Кои или кој ги ангажира овие матрапази?

Политиката со соседите е најинтересна. Два лидери од пет земји кои не опкружуваат не сакаат да се стретнат ни со Груевски ни со Иванов. Тоа ќе им направи големи проблеми во нивните земји. Мислам дека по нив со крупни чекори им се приближуваат и лидерите на Република Албанија и Косово.

Дури не сум ни сигурен дека Николиќ би имал време за нас иако дознав дека се работи на некаква посета негова или размени на официјални посети колку да се прави нешто.

Ако и Николиќ почне ептен да не разбира како и другите, тогаш маф ни е планот,сите ќе не разберат.

Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска