Понеделник, 20-ти август е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека според Законот за празниците, 19-ти август (недела), првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 20-ти август (понеделник), е неработен ден за граѓаните на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика им го честита Рамазан Бајрам на верниците од муслиманска вериосповед.