20-годишен жител на Чучер Сандево фатен како превезува 25 мигранти

Од:

На 11.03.2021 во 08.55 часот на автопатот Скопје- Гевгелија, после Миравци, возач на возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, откако видел полициска патрола го оставил возилото и се дал во бегство, соопштија од полицијата.

При контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземени мерки, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето У.Р.(20) од Чучер Сандево – Скопје. Известен е јавен обивнител и по целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари