1ТВ од ДИК може да добие 100 илјади евра поради неемитувани реклами

Од:

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое што на 1ТВ ѝ обезбедува основа за 100 илјади евра побарување за платен политички маркетинг. Ова значи дека 1ТВ може од ДИК да бара да ѝ исплати штета од 100 илјади евра поради тоа што во првите десет дена од кампањата телевизијата не емитувала реклами, иако телевизијата го пропушти законскиот рок од Изборниот законик и дури по истекот ги достави ценовниците до ДИК.

Ова решение го донела граѓанската судијка Сузана Дончевска на 12 април годинава.

Во правната поука на пресудата пишува дека 1ТВ може да поднесе тужба за утврдување на право на платена политичка програма, право на надомест, како и надомест на штета од испуштена корист од изборниот процес.

Основниот суд Скопје 2 е третата инстанца до која се жали телевизијата затоа што немала можност да емитува реклами за претседателската кампања. Претходно, Управниот и Вишиот управен суд, како надлежни судови за управно право веќе донесоа пресуди во корист на ДИК и ги отфрлија тужбите на 1ТВ.

На ова решение од судијката Дончевска, ДИК поднело жалба во кое пишува дека судот сторил „суштествени повреди на одредбите од парничната постапка и нецелсно ја утврдил фактичката состојба“.

Од ДИК сметаат дека Граѓанскиот суд е ненадлежен да одлучува за предлозите на тужителот, бијдејќи за тоа надлежни се само управните судови.

ДИК во жалбата навеле дека ниту дозволува, ниту забранува радиодифузерите да вршат платено политичко рекламирање и дека тоа е предмет на меѓусебен договор меѓу радиодифузерот и учесникот во изборната кампања.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски