1,5 тон од српското брашно со микотоксини завршило кај македонските потрошувачи

Од:

Околу 1,5 тон или три до четири проценти од српското брашно со микотоксини дистрибуирано по македонските маркети во пакувања од 500 и 750 грама завршило кај потрошувачите и најверојатно е употребено за човечка исхрана, за изработка на пекарски производи. Останатите осум тони се веќе повлечени од промет, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Казни ќе има ако се утврди вина кај увозниците. Но, според досегашните сознанија, пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија што потврдуваат дека брашното било во ред.

– Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин, дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно со оглед дека количествопто афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Значи, можно е анализите да биле негативни, а во меѓувреме, во брашното да се покачиле вредностите на микототксините ако чувањето не било како што треба, рече Рунтевски.

Македонија денеска ќе го испрати дописот со кој ќе ја извести Србија дека на нашиот пазар се најдени одредени количини пченкрано брашно со вишок афлатоксини. Според Рунтевски, контаминираната пченка од Србија не е искористена за производство на домашни смоки или палента.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги почна контролите со проверка на замрзнатата пченка за човечка исхрана. Резултатите покажаа отсуство на афлатоксини. Но, поради актуелната состојба во Србија, контролите беа проширени и во делот на производите од пченка – пченкарното брашно и гризот. Притоа, зголемени нивоа на афлатоксини беа најдени само во пченкарното брашно и тоа во три мостри, од тројца увозници. Резултатите за палентата и гризот се добри.

Се работи за 40 тони пченкарно брашно увезено во повеќе наврати од три различни фирми во Србија, но само 10 тони беа пуштени во промет.

За да ги засили контролите, Агенцијата, како што информира Рунтевски, издаде и наредба до граничните инспектори, да се забрани пуштањето во промет на секоја пратка пченкарно брашно наменето за човечка исхрана додека не се добијат резултатите од анализите за исправност.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар