ВИДЕО: 15 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по референдумот биле на распит во СЈО, тврди Милошоски

Од:

40-ина минути траеше увидот во доказите за предметот „Моќник“, кој осомничениот пратеник Антонијо Милошоски го направи со адвокатот Димитар Дангов.

Милошоски по увидот, тврдеше дека 15 пратеници од опозицијата биле на распит во СЈО по референдумот.

„По неуспешниот референдум, отприлика 15 пратеници, мои колеги, вклучително и јас, сме повикани од страна на СЈО”, рече Милошоски.

„Сметам дека со тоа се покажува дека обвинителството има своја политичка намена, односно сите овие случаи, постапки и распити, имаат за цел да принудат дел од пратениците да гласаат против волјата на народот, односно за измена на уставот на РМ”, рече пратеникот.

Истрагата не ја коментираше.

„Предметите не би ги коментирал во подробности. Би кажал дека истите се неосновани и самиот тајминг на покренувањето на предметите по пропаднатиот референдум навестува дека СЈО има селективна правда и е политичка институција, која сака да изврши притисок врз поголем дел од пратениците на опозицијата”, рече Милошоски.

Не одговори на прашањето на „Макфакс” дали се чувствувал како моќник не одговори.

Неофицијално, Милошоски следната недела треба повторно да се јави во СЈО на распит за истата истрага.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Застарува предметот „Моќник“, обвинителство во завршен збор направи преквалификација на делото и за преостанатите тројца обвинети

Горан Наумовски

Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов