Скопјанецот Харис Бекири, кој во март годинава со автоматска пушка пукаше низ скопската населба Хиподром и рани три лица, доби 15 години затвор.
Високата затворска казна беше образложена со тоа што Бекири одговара за пет кривични дела, убиство во обид, кражба, недозволено поседување оружје, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице.
20-годишното момче во март оваа година пукаше во неговата населба, а потоа во три коли на автопатотСкопје- Куманово.