Мирјана Најчевска, на својот блог „Квадратура на кругот“, прави ретроспектива на колумни, објавени во минатото, за кои вели, дека се уште се многу актуелни.
Ќе објавам неколку, пишува Најчевска, чисто за потсетување, а и заради нивната актуелност, со заеднички поднаслов:
Од времето кога Миленко го кршеше законот, а јас се обидував да ја градам државата
ФУДБАЛ ИЛИ ПОЛИТИКА
За фудбалот велат дека е најважната споредна работа во животот на многу луѓе. За политиката велат дека е најважна главна работа која ги диригира и управува животите на уште повеќе луѓе.
На прашањето што сакаш да станеш кога ќе пораснеш, децата најчесто одговараат – спортиест, а многу често, баш фудбалер. Не се сеќавам некое дете до сега на ова прашање да одговориле дека сака да стане политичар.
Ова веројатно може вонајголема мера да се припише на недостатокот информации со кои располагаат децата, идеализирањето на одредени професии и отсуство на сознанија з атешкотиите кои стојат на патот на професионализмот. Разликите се откриваат постепено, меѓутоа сознанието за вистинската желба, потреба , талент и можност доаѓаат ненадејно и силно. Тие го обземаат човека независно од возраста и годишното време и не го оставаат на мира некогаш и до крајот на животот. А разликата меѓу двете професии е навистина голема.
За да се успее во едната професија, покрај големиот талент е потребно исполнување на повеќе услови со цел поедикасно извршување на работните задачи и постигнување на што е можно подобри резултати. Прв услов е стекнување на одреден минимум на образование којшто ќе гарантира способност за разбирање на потребите и предизвиците на професијата, консултирање одредени извори и следење на најновите достигнувања во областа.
Следен чекор во професионалното изградување претставува стекнувањето конкретни вештини за вршење на професијата. Ова се постигнува со практична примена и операицонализација на стекнати знаења (прво на ниво на сдимулации или пилот-проекти и вежби, потоа преку учество во поедноставни проекти под супервизија и насочување од страна на поискусните, за постепено да се прејде на ситуации од вистинскиот жиивот). На овој начин се подготвува идниот професионалец за да може сооветно да одговори на барањата на професијата и со полна одговорност да ги изврши поставените задачи. Ова е и период на созревање на креативноста како неопходен составен дел на професијата.
Кога ќе бидат завршени долгогодишните подготовки доаѓа периодот на евалуација (оценување) во кој низ одредени однапред поставени критериуми и мерила, врз основа на постигнатите резултати, се избираат оние кои можат да бидат поставени на најодговорни и највисоки функции во професијата. изборот се врши од страна на професионалец или професионалци кои во свои раце го имаат составувањето на најдобриот и најефикасниот работен тим. Назични критериуми во изборот се: профеисоналност и компетентност за работните задачи кои претстојат, кооперативност, свест за своето место во системот на дејствување во рамките на дадениот мандате.
Одговорноста на лицето или на тимот избирачи е исклучително голема, а неуспехот се казнува со губење на функцијата (на одредено време или засекогаш).
Пред навистина да почне да работи така избраниот тим, треба да постигне висока внатрешна координација и усогласување на различниот работи кои треба да резултираат во достигнувањ е на заедничката цел. Ова подразбира натамошна поединечна и заедничка едукација и практикување на стекнатите знаења и вештини.
По сите овие подготовки, значи како на индивидуално така и на тимско ниво, доаѓа процесот на дејствување, процесот на употреба на наученото и процесот на извршување на работните задачи. Во овој процесс доаѓаат до израз и талентот и креативноста и знаењето и стекнатите вештини. Во овој процесс се доенсуваат значајни решенија во многу тешки и невообичаени услови, се врши крајното усогласување со другите соработници во од, се согледуваат слабостите на противникот и се користат шансите што се појавуваат.
Работата е јавна и транспарентна.Грешките и неуспесите веднаш се воочуваат и многу брзо се казнуваат. Јавното мнение игра многу голема улога во натамошното напредување или назадување на секој од работниците. Казната е вообичаено враќање на степен или два пониску, а докоилку неефикасноста продолжи и на пониското ниво – обични следува наполна професионална смрт. Толку за фудбалот и фудбалерите.
За да се успее во другата професија не се бара посебен талент и условите потребни за успех се многу пофлексибилни и потолерантни. Како прво, не е утврден минимум на образование неопходен за извршување на работните задачи. Во оваа професија може да се успее и без разбирање на потребите и предизвиците на професијата (всушност, што помалку разбирање – толку подобро), и не е потребно консултирање и следење на достигнувањата во областа (тоа понекогаш се смета и за голема мана).
Стекнувањето вештини и постепеното навлегување во практиката е оценето како неопотребно – се почесто оваа професија на вработените им претставува прво вработување и прв контакт со практични задачи (да се разбереме: не го негираме концептот на,вундер-кинд,, – но такви се еден во миллион, а не обратно). Во изборот на работниот тим нема никакви критериуми (се е прашање на слободно убедување на тој што избира, а тој и самиот е обично се само не искусен професионалец), не е важна компетентноста (се може да се научи во текот на работата, па ако се згреши стотина пати, не е страшно луѓе сме), кооперативноста сама на по себе се подразбира, а свеста на сопственото место и дадениот мандате се сметаат за работи кои само ги оптоваруваат луѓето и ги ограничуваат во нивната креативност. На лицето кое избира му е многу лесно да го изврши изборот, затоа што не трпи никакви последици од овој свој избор и од евентуалните направени грешки.
Во оваа професија никој со никого не комуницира, а работните тимови не постојат дури ни на хартија.
Птоцесот на дејствување на ваква составениот работен тим на случајно избрани лица вообичаено се нарекува хаос, а резултатите, соодветствуваат на нивната професионална неподготвеност.
Затоа, пак, работата е скришна и нетранспарентна. Се гради цел сѕстем од лавиринти и маскирни конструкции за да не може да се види кој е виновникот и за да не може да биде санкционирана грешката и неуспехот. Јавноста може да се слика, а тие што ќе згрешат напредуваат минимум за едно скалило понапред. Тие што многу ќе згрешат стануваат министрѕ или амбасадори.
Веројатно поради оваа голема разлика меѓу двете професии, многу мал број од децата кога ќе пораснат и понатаму сакаат да станат, а уште помал број стануваат, професионални фудбалери, а голем дел од нив сакаат да станат и многу голем дел од нив стануваат политичари. За управувањето со животите на луѓето не е потребна квлаификација и нема одговорност.
Ако ме прашате мене – јас сум за професионализам. Сакам да станам фудбалер.
Од серијалот “или и боговите лично пред глупоста остануваат неми“ – Утрински весник, 12.12.2000