Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2020 година, недела, Денот на народното востание, е државен празник.
Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.