11 здравствени работници од кумановската болница заразени од коронавирус

Од:

Единаесет здравствени работници од Кумановската болница од кои тројца од Одделението за рентген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, болничар од инфективно и специјализант од инфективното одделение, се заболени од коронавирусот, потврдија од Кумановската општа болница.

Според информациите од болницата еден пациент е итно пренесен во болницата „8 Септември“ во Скопје, но најверојатно е починат. Ќе се истражува дополнително дали бил заболен од коронавирус.

Директорката на болницата Снежана Захариева за новнастаната состојба го известила Министерството за здравство и очекува помош од таму и од здравствените институции во државата.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе