А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

1.500 „рамковни“ административци „клатат врата а земаат плата“

by А1он06/11/2012 - 11:26807
Share0

1.500 новопечени  „рамковни“ административци, се по онаа народната,„Клати врата земај плата“. Но тие си чекаат во Секретаријатот за рамковни прашања да бидат прераспределени во државните институции, откако по принципот на правична застапеност предвиден со Охридскиот договор, биле вработени во државната администрација без за тоа да има реална потреба.

Добивај вести на вибер

Овие шокантни податоци ги објави „Утрински весник, повикувајќи се на  Предлог-буџетот што вчера влезе во собраниска процедура. Тоа, пишува весникот, покажа дека фрапантен број „рамковни административци“ секој месец земаат плата, но немаат соодветно работно место. Голем дел од нив воопшто не се појавуваат на работа бидејќи во просториите на Секретаријатот нема капацитет да бидат „сместени“ над илјада административци.

Според податоците од предлог-буџетот за 2013 година, Министерството за финансии предвидело следната година да се одвојат 540.565 илјади денари или 8,7 милиони евра, сума со која в година треба да се платат платите за новите етнички вработувања, пишува Утрински.

Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само дел седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции, иако се’ уште земаат плата од Секретаријатот. Од 1.578 лица кои во моментов фигурираат на платниот список на Секретаријатот, во овој сектор работат само 39 административци, а другите барем според податоците од предлог-буџетот чекаат распределување.

administracijaramkoven

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ19/09/2023 - 16:1019/09/2023 - 16:43

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on26/04/2023 - 12:4226/04/2023 - 15:03

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on16/03/2023 - 13:0516/03/2023 - 13:32

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on12/08/2022 - 16:0812/08/2022 - 18:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен